• вторник, 27 јануари 2026

Дончиќ со 46 поени ги предводеше Лејкерси до победата над Чикаго

Дончиќ со 46 поени ги предводеше Лејкерси до победата над Чикаго

Чикаго, 27 јануари 2026 (МИА) - Лос Анџелес лејкерс го победи Чикаго булс на гостински терен ноќеска со 129:118.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна дабл-дабл со 46 поени и 11 асистенции.

Лејкерси се петти во Западната конференција на НБА по 45 натпревари. Чикаго е деветти на Истокот по 46 натпревари.

На другите средби играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:

Кливленд – Орландо 114:98
Бостон – Портланд 102:94
Хјустон – Мемфис 108:99
Минесота – Голден Стејт 108:83. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан