• недела, 06 октомври 2024

Дончиќ и Тејтум играчи на неделата во НБА

Дончиќ и Тејтум играчи на неделата во НБА
Вашингтон, 12 јануари 2021 (МИА) - НБА ги прогласи најдобрите играчи на изминатата недела, во двете конференции - Источната и Западната. Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ беше прогласен за најдобар играч во Западната конференција. Словенецот го предводеше Маверикс до три победи. Дончиќ на овие средби оствари просек од 30,3 поени, 12 скока и 11,3 асистенции. Членот на Бостон, Џејсон Тејтум стана најдобар во Источната конференција. На три победнички натпревари за Селтикс, тој имаше просек од 33 поени, оствари 5,3 скока и даде 2,7 асистенции. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан