Дончиќ за „Ол-стар“ гласањето: Не мислам дека ќе го победам Леброн
- Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ зборуваше за трката со Леброн Џејмс во гласањето за стартните петорки на НБА „Ол-стар“ натпреварот.

Далас, 18 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ зборуваше за трката со Леброн Џејмс во гласањето за стартните петорки на НБА „Ол-стар“ натпреварот.
Џејмс и Дончиќ водат по третата рунда гласање на навивачите. Словенечкиот кошаркар има шанса да стане капитен на „Ол-стар“ тимот на натпреварот.
- Ова е невообичаено. Мислам дека тоа нема да се случи, бидејќи се работи за Леброн. Но, тоа би било нешто посебно, рече Дончиќ.