• вторник, 21 мај 2024

Дончиќ е шестиот играч во историјата на НБА со четири трипл-дабл со 40+ поени

Дончиќ е шестиот играч во историјата на НБА со четири трипл-дабл со 40+ поени
Вашингтон, 13 ноември 2022 (МИА) – Кошаркарот на Далас Лука Дончиќ стана шестиот играч во историјата на НБА кој забележал четири трипл-дабл со 40+ поени. Во кариерата, легендарниот Оскар Робертсон имаше 22 вакви трипл-дабл. Џејмс Харден постигна 16, Расел Вестбрук 13, Вилт Чембрлен 7, Леброн Џејмс 6. Дончиќ ноќта сабота кон недела во победата од 117:112 против Портланд го забележа третиот трипл-дабл оваа сезона со 42 поени, 13 скока и 10 асистенции. Далас со биланс седум победи и пет порази се наоѓа на 6. место во поредокот на Западната конференција на НБА-лигата. зс/

Остани поврзан