• петок, 22 ноември 2024

Донг: Кина отворена за редовна воена комуникација со САД

Донг: Кина отворена за редовна воена комуникација со САД

Сингапур, 2 јуни 2024 (МИА) - Кина е отворена за воена комуникација со САД, изјави синоќа  кинескиот министер за одбрана Донг Јун на азискиот самит во Сингапур.

-Отсекогаш сме биле отворени за размена и соработка, но тоа бара двете страни да се сретнат на половина пат, рече Донг, кој во петокот се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Веруваме дека ни требаат повеќе размени токму затоа што има разлики меѓу нашите две армии“, додаде кинескиот министер.

Воените претставници на двете земји во петокот разговараа повеќе од еден час во хотелот во кој се одржува безбедносен самит, на кој присуствуваа воени претставници од целиот свет.

По состанокот Остин кажа дека телефонските разговори меѓу американските и кинеските воени команданти ќе продолжат „во наредните месеци“.

Пекинг ја поздрави „стабилизацијата“ на односите меѓу двете земји.сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан