• петок, 05 декември 2025

Донација од лаптоп компјутери за социјално-загрозени семејства од Берово

Донација од лаптоп компјутери за социјално-загрозени семејства од Берово
Берово, 29 април 2021 (МИА) - Ученици од социјално-загрозени семејства од Берово ќе добијат лаптоп компјутери за полесно следење на онлајн наставата. Лаптопите, како што информираа од Општината, се донација од организацијата „Македонија 2025".
 -Лаптоп компјутерите ќе бидат донирани за потребите на ООУ „Дедо Иљо Малешевски” за да ги користат ученици кои следат настава со учење на далечина, а кои потекнуваат од социјално ранливи категории, истакнаа од Општината.
Донацијата ја прими градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој заблагодарувајќи се на организацијата „Македонија 2025" , додаде дека лаптопите ќе отидат во прави раце и ќе бидат од голема корист за ученици кои немаат услови за следење на онлајн настава.
Средствата за купување на опрема за следење на онлајн настава се обезбедени преку интернет кампањта за донации со назив „No child left offline” од индивидуални донатори со македонско потекло од повеќе земји, а лаптопи освен во Берово, во Источниот регион беа донирани и во Делчево и Пехчево.
Оваа донација според надлежните ќе допринесе за поголема вклученост на децата во образовниот процес, поголем успех, но и голема радост во семејствата каде ќе бидат донирани. вс/сст/

Остани поврзан