• понеделник, 16 јуни 2025

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

Скопје, 16 април 2025 (МИА) -  Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

-Како континуирани промотори на принципите на општествена и корпоративна одговорност, трите институции веруваат дека во вакви моменти заедништвото и солидарноста се од исклучително значење, поради што сакаат да дадат конкретен придонес и поттик до сите други субјекти во рамки на своите можности да се вклучат во активностите за помош и поддршка на засегнатите од трагедијата во Кочани, соопштија од  Македонската берза. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан