• понеделник, 23 декември 2024

Донаторите ветија 12 милијарди долари помош за Авганистан

Донаторите ветија 12 милијарди долари помош за Авганистан
Женева, 24 ноември 2020 (МИА) - Во Женева на денешната виртуелана Меѓународна донаторска конференција донаторите ветија околу 12 милијарди американски долари помош за Авганистан во следните четири години. Финансиските средства се поврзани со успех од мировните преговори помеѓу талибанците и авганистанските власти што се одвиваат во Доха за завршување на речиси дведецениската војна во земјата Копретседателот на Конференцијата и фински министер за развој Виле Скинари истакна дека донаторите најавиле помош од 12 милијарди долари во рок од четири години, а предвидено е секоја година помошта да изнесува три милијарди долари. Претходно, Европска Унија најави донација од 1,2 милијарди евра во период од четири години, а Велика Британија соопшти дека ќе донира 227 милиони американски долари. ми/

Остани поврзан