• петок, 05 јули 2024

ДОМ: МОДОМ и УРА со заедничка зелена младинска платформа

ДОМ: МОДОМ и УРА со заедничка зелена младинска платформа
Скопје, 2 ноември 2021 Претседателот на Младинската организација на ДОМ Бојан Петровски на регионалната средба на Зелената балканска мрежа која се одржа во Црна Гора ја официјализираше соработката помеѓу МОДОМ и младинската организација на УРА од Црна Гора. Петровски и потпретседателката на Forum mladih URA Лилјана Петковиќ ќе го потпишат меморандумот за соработка кој предвидува заеднички активности на младите од двете држави. МОДОМ и УРА ја најавуваат и првата зелена младинска платформа на балканот во која ќе бидат вклучени сите подмладоци на зелените политички партии од цел Балкан со цел заедничко делување и соработка преку која младите од регионот заедно ќе ја водат борбата против климатските промени, борбата за поголемо вклучување на младите во сите процеси на креирање на политики и развој на визијата за зелен и одржлив Балкан. ДОМ – Канцеларија за односи со јавност ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан