Доминиканката Паулино освои злато на 400 метри со олимписки рекорд
- Доминиканската тркачка Марилеиди Паулино стана олимписка шампионка на 400 метри на Игрите во Париз.

Париз, 9 август 2024 (МИА) - Доминиканската тркачка Марилеиди Паулино стана олимписка шампионка на 400 метри на Игрите во Париз.
Дваесет и седумгодишната атлетичарка патеката ја истрча со време од 48,17 секунди. Таа постави нов олимписки рекорд. Претходниот траеше од јули 1996 година и беше во сопственост на Французинката Мари-Жозе Перек (48,25).
Среброто на Игрите во Париз го освои Салва Еид Насер од Бахреин - 48,53.
Наталија Качмарек од Полска освои бронза со 48,98 секунди. зс/
Фото: ЕПА