• петок, 22 ноември 2024

Доменикали: Вклучувањето на Мадрид не значи исклучување на Барселона од Формула 1

Доменикали: Вклучувањето на Мадрид не значи исклучување на Барселона од Формула 1

Мадрид, 23 јануари 2024 (МИА) - Барселона може да ја задржи трката од Формула 1 шампионатот. Извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали зборуваше за изгледите етапата на патеката „Барселона-Каталуња“ во светло на најавата за потпишување договор за домаќин на трката во Мадрид.

Како што стана познато денес, од 2026 година Шпанското ГП ќе се одржува на нова урбана патека во Мадрид. 

- За да нема недоразбирања и сомнежи, би сакал да ја разјаснам ситуацијата. Фактот дека сме во Мадрид воопшто не го исклучува фактот дека во иднина може да останеме во Барселона. Можам да кажам дека во моментов се преговара дали ќе можеме да ја продолжиме соработката во иднина со организаторите на трката во Барселона, со кои имаме одлични односи, изјави Доменикали.

Актуелниот договор на Формула 1 за одржување трки во Барселона истекува во 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан