• вторник, 05 ноември 2024

„Домаќица“ доби нови називи

„Домаќица“ доби нови називи
Загреб, 3 мај 2022 (МИА) - Во новата кампања, хрватската кондиторска компанија „Краш“ одлучи кај култните колачиња покрај името „Домаќица“ (Домаќинка) да додаде и женски занимања, како „адвокатка“, „менаџерка“, „правничка“, „програмерка“ итн. Целта, се чини, е „да се осовремени“ производот и да се едуцираат младите генерации за важноста од правична поделба на домашните, но и општествените работи. „Со нашата нова кампања целиме да ја подигнеме јавната свест за важноста и сложеноста на обврските во домаќинството кои жените најчесто ги преземаат и да ја подигнеме свеста дека грижата за домаќинството е заедничка работа на сите членови на домаќинството. Првиот чекор на кампањата е да ја ставиме ‘Домаќица’ на полиците во специјално издание“, соопшти „Краш“. Но, додека некои ја гледаат рекламата како солиден обид за „политичка коректност“, има и такви кои не ги прифаќаат промените. „Краш ни направи цела колекција за да разбереме што може да бидеме покрај тоа што сме домаќинки“, гласи една Твитер-објава. Исто така, се покрена и иницијатива за промена или дополнување на дефиницијата за „домаќинка“ во речниците на хрватски јазик. Слаткарската компанија со седиште во Загреб, „Краш“ постои од 1911 година.  си/

Остани поврзан