• четврток, 26 март 2026

Домашен притвор за тројцата активисти од Нови Сад

Домашен притвор за тројцата активисти од Нови Сад

Белград, 28 мај 2025 (МИА) - Апелацискиот суд во Нови Сад им го укина притворот на Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Давор Стефановиќ, обвинети за обид за соборување на уставниот поредок на Србија.

Второстепениот суд ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, им го укина притворот и им одреди куќен притвор со електронски надзор.

На 20 мај, Апелацискиот суд го укина притворот на Марија Васиќ, Ладо Јововиќ и Лазар Диниќ и им одреди куќен притвор, додека во тоа време, во однос на Младен Цвијетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Давор Стефановиќ, ја поништи одлуката на судот со која им го продолжи притворот и му наложи на тој суд повторно да одлучи за притворот.
Во изминатите 15 денови пред судот во Нови Сад секојденвно има протести поради нивното притворање кое траеше повеќе од 60 денови. зш/

Остани поврзан