• вторник, 25 јуни 2024

Док Риверс ќе ја продолжи кариерата како коментатор на „ЕСПН“

Док Риверс ќе ја продолжи кариерата како коментатор на „ЕСПН“

Вашингтон, 1 август 2023 (МИА) - Познатиот тренер во НБА-лигата, Док Риверс, кариерата ќе ја продолжи како коментатор за „ESPN“, телевизија која ги има првата за преноси на натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот.

 

Риверс треба да им се придружи на Дорис Берк и познатиот коментатор Мајк Брин во првиот тим за коментари. Берк ќе стане првата жена која ќе коментира финале на НБА.

 

Друг поранешен тренер и коментатор Марк Џексон или ќе се пресели во вториот тим или ќе го напушти „ESPN“.

 

Шеесет и едногодишниот Риверс по завршувањето на сезоната 2022/23 доби отказ од Филаделфија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан