• четврток, 26 март 2026

Доктор Маријан Денковски избран за член на Комитетот за стоматолошка практика (FDI Dental Practice Committee)

Доктор Маријан Денковски избран за член на Комитетот за стоматолошка практика (FDI Dental Practice Committee)

Скопје, 12 септември 2025 (МИА) - Доктор Маријан Денковски, член на Стоматолошката комора на Македонија (Macedonian Dental Chamber), на Генералното собрание на ФДИ во Шангај, Кина, со поддршка на сите комори и асоцијации во поширокиот регион, е избран за член на Комитетот за стоматолошка практика (FDI Dental Practice Committee).

- Првпат од осамостојувањето, а воедно и како прв претставник од земјите на поранешна Југославија во последните 40 години, избран е македонски кандидат во највисоките тела на Светската стоматолошка федерација (FDI) – организација што обединува околу 200 национални стоматолошки асоцијации. Д-р Маријан Денковски, член на Стоматолошката комора на Македонија (Macedonian Dental Chamber), на Генералното собрание на ФДИ во Шангај, Кина, со поддршка на сите комори и асоцијации во поширокиот регион, победи на изборите за член на Комитетот за стоматолошка практика (FDI Dental Practice Committee) во конкуренција со осум противкандидати од многу поголеми и влијателни држави – меѓу кои Кина, Турција, Костарика, Русија, Португалија и други, соопштуваат од Стоматолошката комора. 

Ова, велат оттаму, претставува историски момент за македонската стоматологија и нејзината позиција и угледот на светската сцена.

-За Стоматолошката комора на Македонија, „невозможно“ е само збор на хартија – сè друго е можно со многу труд и работа, се вели во денешното соопштение од Стоматолошката комора на Македонија. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан