• понеделник, 23 декември 2024

Доколку ССМ достави барање за медијација во скопски „Водовод“, МТСП ќе одреди медијатор за решавање на проблемот, најави Тренчевска

Доколку ССМ достави барање за медијација во скопски „Водовод“, МТСП ќе одреди медијатор за решавање на проблемот, најави Тренчевска
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - По вчерашната најава на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека ќе побара од Министерството за труд и социјала лице да се јави во улога на помирувач за да се изнајде решение во ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека доколку од ССМ достават барање за медијација, МТСП ќе одреди медијатор кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација. - Доколку ССМ достават барање за медијација, секако дека ќе постапиме согласно Законот и ќе одредиме медијатор, кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација за да може штрајкот во ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје да биде ставен во мирување се додека не се изнајде решение, рече Тренчевска на настанот по повод презентирањето на мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година. Таа посочи дека претходно кога СОНК достави барање до Министерството за труд и социјална политика да одреди медијатори, беше постапено по тоа барање и беше одреден медијатор кој успешно ја спроведе медијацијата и беше потпишана спогодба. Денеска на полноќ истекува рокот што ССМ и го даде на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за одржување средба на која би „ги соочиле аргументите“ или во спротивно вработените во скопски „Водовод и канализација“ ќе стапат во штрајк. фф/сп/

Остани поврзан