• понеделник, 23 декември 2024

Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот“ за убиство на нејзиниот сопатник

Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот“ за убиство на нејзиниот сопатник
Вашингтон, 14 јуни 2022 (МИА) - Ненси Кремптон - Брофи, авторка на есејот „Како да го убиеш сопругот“, е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави Си-Ен-Ен. Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година. Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина. Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната Кремптон - Брофи не одела најдобро. Обвинителите тврдеа дека тој бил осигуран на повеќе од еден милион долари. Обвинетата при сведочењето изјави дека финансиски била подобра додека нејзиниот сопруг бил жив. Фактот што нејзиниот миниван е виден близу училиштето, таа го препишува на коинциденција. Се верува дека авторката го следела сопругот на работа и пукала во него со пиштол „глок“. Крептон - Брофи исто така имала и делови за „пиштол дух“, нерегистрирано оружје што не може да се следи. Авторката се бранеше дека купила оружје како дел од пишувањето за нејзината нова книга. -Тоа беше за пишувањето, а не, како што верувате, за да го убијам мојот сопруг, појасни Крептон - Брофи. Во 2011 година, таа на блог објави текст со наслов „Како да го убиеш твојот сопруг“. „Бидејќи пишувам дела со содржина што спаѓа во романтична неизвесност, поминувам доста време мислејќи за убиство и следствено, за полициската процедура“, започнува текстот. Есејот е поделен на делови со детали за добрите и лошите страни на убиство на злобен сопруг. бд/

Остани поврзан