• петок, 22 ноември 2024

Додик: РС е подготвена да им го отстапи вишокот електрична енергија на Унгарија и Србија, а за возврат да добие нафта

Додик: РС е подготвена да им го отстапи вишокот електрична енергија на Унгарија и Србија, а за возврат да добие нафта
Бањалука, 9. ноември 2022 (МИА) – Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Република Српска има вишок електрична енергија и е подготвена да ја отстапи на Унгарија и Србија, доколку има потреба. „Република Српска е една од ретките во балканскиот регион која има одреден вишок произведена електрична енергија. Ние произведуваме некаде околу 35 отсто од вишокот кога електраните работат во полн погон. Тоа секако би можеле да го испратиме во Србија и Унгарија, ако е потребно“, рече Додик во интервју за унгарска телевизија. Од друга страна, наведе тој, РС може да користи и обезбедува нафта и нафтени деривати преку синџирите за снабдување на Унгарија и Србија. - Во размената на расположливите енергетски капацитети со Унгарија и Србија, Република Српска гледа пат кон независност, нагласи Додик. Предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за формирање „заедница на енергетска солидарност“ подразбира меѓусебна размена на ресурси – Република Српска ќе им отстапи електрична енергија на Србија и Унгарија, а за возврат ќе добие нафтени деривати, наведува РТРС. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан