Додик позитивен на коронавирус, во стабилна состојба
- Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик е позитивен на коронавирусот, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Република Српска (УКЦ РС).

Бања Лука, 22 декември 2020 (МИА) - Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик е позитивен на коронавирусот, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Република Српска (УКЦ РС).
Како што е наведено, конзилиум лекари се состана во УКЦ РС и ја разгледа здравствената состојба на Додик. Констатирано е дека има потешкотии со дишењето и болки во желудникот.
Дијагностицирана е пневмонија, а третиот тест за вирусот е позитивен, пренесува РТРС.
„Здравствената состојба на Милорад Додик е стабилна, тој се чувствува добро и прима соодветна терапија“, се наведува во соопштението. паг/