• понеделник, 23 декември 2024

Доделување HR-награди за 2021 година

Доделување HR-награди за 2021 година
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) и оваа година ќе додели признанија во следниве категории: „HR-менаџер на годината“, „HR-практика на годината“ и „Млад HR-ентузијаст на годината“. Целта на овие награди, како што нагласуваат од МАЧР, е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот за управување со човечките ресурси. - Во периодот од 1 март до 6 мај 2022 година, беше спроведен конкурсот на номинирање, а подоцна и оценување на пристигнатите номинации во трите категории, од страна на нашата стручна комисија. Во таа насока, беа избрани добитниците на наградите за HR-менаџер и Млад HR-ентузијаст на годината за 2021, а воедно беа избрани и финалисти за наградата HR-практика на годината, се вели во соопштението од Асоцијацијата. На настанот ќе бидат јавно споделени добитниците на наградите за HR-менаџер и Млад HR-ентузијаст на годината за 2021, додека пак присутните ќе ја имаат можноста преку непосредно гласање да ја изберат HR-практика на годината, од финалистите кои ќе бидат презентирани. сст/мд/  

Остани поврзан