• недела, 21 јули 2024

Доделување пофалници и награди на најдобро дипломираните студенти во учебната 2020/2021 година на УКИМ

Доделување пофалници и награди на најдобро дипломираните студенти во учебната 2020/2021 година на УКИМ
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - По повод одбележувањето на 73-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на 24 Мај - Денот на светите Кирил и Методиј – патрониот ден на Универзитетот, денеска на платото пред влезот на Ректоратот ќе бидат доделени пофалници и награди на најдобро дипломираните студенти во учебната 2020/2021 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Како што информираат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска ќе им биде доделена наградата „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2020/2021 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Според програмата, утре напладне на универзитетски кампус ќе биде положено цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј. дма/мд/

Остани поврзан