• петок, 22 ноември 2024

Доделени 30 стипендии на Економскиот факултет во Прилеп

Доделени 30 стипендии на Економскиот факултет во Прилеп

Прилеп, 3 октомври 2022 (МИА) - Прилепскиот економски факултет кој е најстарата членка на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ ги поздрави и им посака успешна академска година на преку 100 нови студенти во петте насоки на студирање. Воедно 30 студенти, првенци на генерацијата и од социјално ранливите категории добија стипендии од бизнис заедницата.

Според деканот на Факултетот професор доктор Драгица Оџаклиеска бројот на запишани студенти е поголем од ланскиот.

- Ова е 62 генерација студенти на економскиот факултет во Прилеп. Уписите не се завршени, но ќе имаме над 100 нови студенти во петте насоки. Бизнис секторот, втора година доделува стипендии. Годинава ги добиваат 30 нови студенти, дел првенци на генерацијата, дел од социјално загрозените категории. Имаме силна соработка со бизнис заедницата, се изведува практична настава, а секако со доделувањето на стипендиите очигледно компаниите сакаат да ги задржат и да им дадат работен ангажман на идните економисти, рече проф. д-р Оџаклиеска.

На факултетот голем интерес предизвикуваат насоките за сметководство и ревизира, за банкарство, маркетинг и менаџмент. ем/ев/

Остани поврзан