• петок, 18 јули 2025

Доделени решенија и унапредувања во Општина Чаир

Доделени решенија и унапредувања во Општина Чаир

Скопје, 13 јуни 2025 

Денес во Општина Чаир беа доделени 10 унапредувања и 11 решенија насочени кон зајакнување на институционалната сигурност и подобрување на условите за вработените во општинската администрација.

Овие мерки имаат за цел да воспостават појасна функционална структура, зголемена транспарентност, стандардизација на внатрешните постапки и засилена професионална поддршка за административниот кадар.

Градоначалникот Висар Ганиу изјави дека „зајакнувањето на администрацијата започнува одвнатре – преку фер, достоинствен и стабилен пристап кон секој вработен кој секојдневно му служи на граѓанинот со посветеност“.

Овие решенија се дел од визијата за модерна и ефикасна администрација во директна служба на граѓаните.

Општина Чаир 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: Општина Чаир 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан