• петок, 22 ноември 2024

Доделени наградите на 20. „Синедејс“

Доделени наградите на 20. „Синедејс“
Скопје, 22 јули 2021 (МИА) - Со доделувањето на наградите на јубилејниот 20. Меѓународен фестивал за европски филм „Синедејс, е затворена официјалната конкуренција на фестивалот кој поради временските услови продолжува со програма уште денеска. Од фестивалот информираат дека натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири комисијата во состав, Славко Собин - актер, Зејнеп Атакан - продуцентка и Марисела Росети одговорна за LUX Award (Лукс награда). - Нашите одлуки беа анонимни, но по гледањето на сите 9 филмови може да кажам дека можеше да победи било кој од филмовите, бидејќи сите завршиле одлична работа. Се надеваме дека ќе имаме прилика да гледаме уште многу ваши одлични достигнувања и во иднина и честитки до сите вас од нас тројцата!, посочуваат од фесиалот. Жирито одлучи да ги додели следниве награди: Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Улиште“ (HIVE), во режија на Блерта Башоли. -Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума, наведува жирито во образложение за филмот. Во „SEE програмата“, награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Мир и хрмонија“ (It’s all about peace and harmony) од Несими Јетик. За тој филм, пак, жирито наведува дека е многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. -Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт, вели жирито. На програмата на „cinEdays“, вечер со почеток од 20:30 на POP UP локацијата кај езерце Градски парк ќе бидат кратките македонски филмови: Deaflands, Farmer's Blues, Прашливи Цвеќиња, Експертот, Afterparty, PAWLAW, Паразит, Влакна, Letting Go, Карантин, Ритамот на падот, Валцер за 1. мај, Тhe New Beginning. Исто така, во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно, каде го гледаме последниот дел од Еко програмата, селекција на Ехо фестивал на планински филм: „On Thin Ice“, во режија на Henry M. Mix и „Mountain, Priest, Son“, во режија на John Seddon и Vaibhav Kaul. По двете проекции, во 22 часот следува и филмот „Уште една тура“ на Томас Винтерберг, информираат организаторите. Еко програмата e поддржана од UNICEF и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA).фф/лв/

Тагови

Остани поврзан