• понеделник, 08 јули 2024

Доделена наградата „Прозарт“ на Драго Јанчар

Доделена наградата „Прозарт“ на Драго Јанчар

Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) -  Со доделување на наградата „Прозарт“ на словенечкиот писател Драго Јанчар, синоќа заврши 11 - тиот Интернационален литературен фестивал  „ПРО-ЗА Балкан“.

Јанчар им се обрати на членовите на жирито, преведувачи,  пријатели и читателите на неговите книги на македонски јазик,  и  додаде  дека поголемиот  дел од неговиот живот е поврзан со балканскиот дел од Европа.

-Оваа награда што ја добивам денес особено ми е драга. Не затоа што е за уметност на прозата, воопшто, литературна уметност, центарот на сѐ што правам и што ме интересира, бидејќи со балканскиот дел од Европа е поврзан голем дел од мојот живот, и во добро и во лошо. Благодарам за неа, изјави Јанчар.

Фестивалот се одвиваше во период од 17 до 19 септември во организација на  програмата „Скопје фелоушип“, која  оваа година е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“,  и се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија а ко- финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. 

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, а поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно- информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк. љм/лв/

Фото: Прозарт Медиа

Остани поврзан