• понеделник, 23 декември 2024

Довициозо ќе го напушти Дукати на крајот на 2020 година

Довициозо ќе го напушти Дукати на крајот на 2020 година
Болоња, 15 август 2020 (МИА) - Италијанецот Андреа Довициозо ќе го напушти тимот на Дукати во Мото ГП по завршувањето на тековната кампања, потврди менаџерот на вице-шампионот за последните три години, Симоне Батистела. Довициозо се приклучи на тимот од Болоња во 2013 година, што е еден од главните фактори за заживување на италијанскиот тим и неговото враќање кон победите. Преговорите меѓу Дукати и Довициозо беа многу турбулентни. Во четвртокот, шефот на италијанскиот тим изјави дека иднината на Дови ќе се реши по два последователни тркачки викенди на „Ред Бул Ринг“, но разделбата меѓу двете страни го најави пилотскиот камп пред почетокот на квалификациите за ГН на Австрија. - Денес го известивме Дукати дека Андреа нема намера да ја продолжи својата врска со тимот. Сега тој сака да се фокусира на првенството и на овие натпреварувања, изјави Батистела за „Скај Италија“. Менаџерот на Довициозо додаде дека немало вистински разговори за економската страна на договорот меѓу двете страни. Не е јасно дали Италијанецот ќе ја продолжи својата тркачка кариера во кралската класа, бидејќи единствено работно место во фабрички тим е во Априлија, но италијанскиот тим се уште чека на развој на скандалот со допингот со Андреа Јаноне, пред да одлучи кој ќе биде тимски колега на Алеиш Еспаргаро.

Тагови

Остани поврзан