• среда, 13 ноември 2024

Добра игра, лош резултат за македонските фудбалери на полувремето против Холандија

Добра игра, лош резултат за македонските фудбалери на полувремето против Холандија
Амстердам, 21 јуни 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација губи со 1:0 од Холандија на полувремето на дуелот во Амстердам од 3. коло во Ц-групата на ЕВРО 2020. Резултатот е неповолен, иако Македонците играат добро на арената „Јохан Кројф“, имаа еден поништен гол, една статива и уште неколку полушанси. Водечкиот гол за „лалињата“ го постигна Мемфис Депај во 24.минута по недосуден слободен удар за Горан Пандев пред противничкиот шеснаесетник. зс/

Остани поврзан