• недела, 22 декември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот – повеќе од 25 милиони заразени

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот – повеќе од 25 милиони заразени
Скопје, 29 август 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 25.032.361 лица. Од нив починале 843.249, а оздравеле 17.391.675 луѓе. Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 177 нови случаи на Ковид-19 и уште едно починато лице. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 9.977, а починаа 260 лица. Никозија – Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 од 2.843 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.483 лица. Загреб – Во изминатите 24 часа се регистрирани 312 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а починаа три лица. Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, заболеле вкупно 9.861 луѓе, од кои 183 починале, а 7.024 закрепнале. Приштина – Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа на Косово, девет лица починале од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 508. Во истиот период се тестирани вкупно 466 примероци, од кои 115 биле позитивни. Така, вкупниот број на позитивни на коронавируси досега е 13.215. Софија – Во Бугарија има 57 нови случаи на заразени со коронавирусот при направени 6.337 PCR тестови. Починале девет лица, а на интензивна нега се 59 пациенти. Излекувани се 187 луѓе. Сараево – Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, врз основа на 1.513 тестирани примероци, а три лица починале. Рим – Италија регистрира најголем пораст на бројот на заразени со коронавирусот на дневна основа од мај, откако во изминатите 24 часа беа регистрирани нови 1.462 случаи. Има и уште девет починати лица, а досега се регистрирани речиси 35.500 смртни случаи. Париз – Во последните 24 часа, во Франција се регистрирани 5.453 нови случаи на инфекција со коронавирусот, додека шест лица починале од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 272.530 луѓе во Франција, од кои 30.602 починале. Виена – Во последните 24 часа во Австрија е регистриран нов рекорд на новозаболени лица со 395 нови случаи. Ова е најголем број на новозаразени од 3 април, кога се регистрирани 416 нови случаи. Од почетокот на епидемијата во Австрија 26.803 Австријци биле позитивно тестирани за вирусот корона, а 22.866 биле излекувани. Берлин – Во Германија се потврдени 1.479 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е мало намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 1.571, објави Институтот Роберт Кох. Во истиот период починало уште едно лице. Вкупно 240.986 лица се заразени во Германија од почетокот на епидемијата, од кои 9.289 починале. Москва – Во Русија се потврдени 4.941 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а 111 лица починале. Според официјалните податоци, вкупниот број заразени се искачи на 985.346, а бројот на смртни случаи на 17.025. Киев – Во претходните 24 часа се потврдени 2.481 нов случај на инфекција со коронавирусот, што е рекорден број на нови случаи забележани во оваа земја. Вкупниот број на луѓе со дијагностициран коронавирус во Украина се искачи на 116.978. Во истиот временски интервал, бројот починати од Ковид-19 се зголемил за 41 на 2.492. Вашингтон – Во САД, во последните 24 часа се пријавени 46.156 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на речиси шест милиони, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс. Во САД коронавирусот корона досега е потврден кај 5.913.941 лица. Во изминатиот ден починаа уште 976 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 181.800. Бразилија – Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 855 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 119.504, соопшти Министерството за здравство на земјата. Бразил исто така забележа 43.412 нови случаи на коронавирус. Досега вкупно 3.804.803 лица се заразиле со коронавирусот во Бразил. Мексико Сити – 5.824 нови случаи на коронавирус се потврдени во Мексико во последните 24 часа, а 522 лица починаа, објави Министерството за здравство. Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 585.738, а починале вкупно 63.146 лица. Њу Делхи – Индија денеска пријави 76.472 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од рекордните бројки во изминатите неколку дена. Индија пријави вкупно 3,46 милиони случаи. Бројот на смртни случаи пораснал за 1.021, на 62.550, соопшти сојузното Министерство за здравство. Мелбурн – Во австралиското жариште на коронавирусот, државата Викторија, во последните 24 часа е забележан најмал дневен број на новозаболени лица после речиси два месеци. Државните службеници денеска пријавија 94 нови случаи, но и 18 смртни случаи. Пекинг – Во последните 24 часа, потврдени се девет нови случаи на коронавирус во Кина, исто како и претходниот ден, и сите нови случаи се увезени, објави денеска Националната здравствена комисија. Ова е 13-ти ден по ред како не се регистрирани случаи на локално пренесување во Кина, со што се израмни со претходниот рекорд. јт/

Остани поврзан