• вторник, 19 ноември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Скопје, 24 октомври 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 42.725.415 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.152.243 пациенти, а оздравеле 31.545.825 луѓе. - Рекордни 19.644 случаи на коронавирус се потврдени во Италија во последните 24 часа, така што вкупно 504.509 лица се заразени во таа земја од почетокот на пандемијата. За еден ден починаа 151 лице, а досега вкупно 37.210 лица. Премиерот Џузепе Конте рече дека сака да избегне повторно воведување на целосно затворање на земјата. Неколку региони воведоа полициски час во текот на ноќта - Повторно висока бројка од 302 новозаразени со Ковид-19 е регистрирана во Албанија во последното деноноќие, што е 23 отсто од тестираните 1.329 сомнителни случаи. Од новодијагностицираните најголем број или 196 се во Тирана. Во исто време оздравеле 82 или вкупно 10.548 додека починале четири лица во болнички услови односно 473 од појавата на пандемијата.Од моментно активните 7.837, во двете ковид болници се хоспитализирани 264 паценти,од нив 11 се на интензивна терапја а петмина се интубирани.Од почетокот на пандемијата направени се 115.710 тестови а позитивен резултат е добиен кај 18.858 лица. Според полициската статистика во изминатото деноноќие израечени се 690 казни за неносење заштитна маска. Од 15 овој месец носењето заштитна маска е задолжителна и на отворен простор. Непочтувањето на оваа владина мерка се казнува со 25 евра и ќе биде внесена во сметката за потрошена електрна енергија.   - Во последните 24 часа во Црна Гора, 193 лица биле позитивни на вирусот , додека осум пациенти починале. Земајќи ги предвид сите новооткриени случаи, како и бројот на закрепнати во изминатите 24 часа, активните случаи во Црна Гора сега се 3.765. Вкупниот број на смртни случаи  од почетокот на јуни е 254, а од почетокот на годината 263. - Нови двајца починати, 166 заболени и 55 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во Косово во последните 24 часа. Вклучително овие податоци, според статистиките на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 17.757 носители на вирусот, од кои 15.034 се излекувани, додека 661 починале. Бројката на активни случаи моментно изнесува 2.062. Според ИКШПК, вчера се извршени 1.056, а од почетокот на пандемијата 86.098 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Остани поврзан