• понеделник, 23 декември 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.109.885. Од нив починале 471.759, а оздравеле 4.879.462 луѓе. - Во Србија во последните 24 часа се потврдени 96 нови случаи позитивни на коронавирусот, а едно лице почина. Направени се тестови на 345.260 лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 12.990 лица, починаа 262, а моментално активни се 731 случај. На респиратор се 19 лица, а процентот на смртност е 2,02 отсто. - Во Косово вчера продолжи трендот на високи бројки на случаи на заразени, а денеска беше забележана и нова жртва на Ковид-19 (70-годишен маж), со што бројката на заболени кои починале од појавата на епидемијата се искачи на 37. Од извршените 439 тестирања во текот на вчерашниот ден, позитивни резултираа 93, додека од вкупно 21.517 тестови, досега како заразени се регистрирани 2.169 лица. Со оглед дека како излекувани се водат 1.047 случаи, од кои 29 вчера, бројката на активни носители на вирусот во Косово изнесува 1.085. Косовските медиуми денеска објавија дека Министерството за здравство препорачало да не се тестираат веќе случаите на контакт, туку само лицата згрижени во одредени клиники и оние кои имаат потешки симптоми на Ковид-19. - Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа има 33 новозаразени со Ковид-29 од вкупно 543 тестирани. Досега се направени  48.328 тестови, а вирусот е потврден кај 1.594 лица. Заклучно со денешниот ден, излекувани се 996 пациенти, а моментално активни се 552 случаи. Федералниот завод за јавно здравје соопшти дека има вкупно 46 смртни случаи. - Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани19 новозаразени, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата достигна 2.336. Досега се тестирани 72.746 osoba, од кои 268 во последното деноноќие. На болничко лекување се девет лица, никој не е на респиратор. Како што е соопштено од Националниот штаб за цивилна заштита, вкупниот број починати изнесува 107.

-Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран 21 нов случај на Ковид-19, од кои пет, според грчките медиуми, се од направените тестови по случаен избор на патници од летови од странство. Вкупниот број заразени во земјата се зголеми на 3.287 лица.

- Од направени 1.039 тестови, на Кипар се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 при тестирање на патници кои пристигнале во земјата. Од почетокот на епидемијата позитивни на новиот коронавирус се 988 лица, а во кипарските болници не е хоспитализиран ниту еден пациент.

- Во Албанија, со последно потврдените 33 новозаразени со Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 1.995 лица. Битката со опасниот вирус ја добиле 1.159, ја изгубиле 45, а активни на болеста се 791 лице. Последните денови се зголемува бројот на хоспитализирани и таа бројка е 81, што е највисока досега. Од нив десет се на интензивна терапија и еден е поставен на респираторна машина. - Бројот на починати од Ковид-19 во Велика Британија денеска се зголеми за 15, на 42.647. Тоа е најниската дневна смртност од оваа болест од средината на март, соопштија денеска здравствените власти. Билансот на жртвите од новиот коронавирус во Британија го достигна својот врв во средината на април, кога во период од девет дена изнесуваше повеќе од илјада починати. паг/

Остани поврзан