Дмитриев негира вмешаност на руските разузнавачки служби во скандалот со Епстин
- Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епстин
Москва, 4 февруари 2026 (МИА) – Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епстин.
- Очајни, морално пропаднати, лажливи левичарски елити паничат и се обидуваат да заблудат. Светот е изморен од вашите лаги и ги гледа нивните вистински намери, објави Дмитриев на платформата Икс.
Тој реагира откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека покојниот сексуален предатор и педофил Епстин можеби имал блиски контакти со Русија.
Вашата кабала и лажна пропагандна машина се разоткриени. Крај на играта за изопачените и често сатански либерални елити, истакна Дмитриев. ми/сд/
фото: ДПА