• сабота, 23 ноември 2024

ДКСК: Финансирањето на спортските активности во општините - област со висок ризик за корупција

ДКСК: Финансирањето на спортските активности во општините  - област со висок ризик за корупција
Скопје, 22 април 2021 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предметот со наводи против градоначалникот на Куманово за злоупотреба на неговите овластувања со трошење пари на незаконски начин за лични потреби и за негови блиски лица, кои не биле вработени во општината донесе заклучок дека исплатата и распредлебата на средствата за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година не е транспарентна. Заклучи и дека е нејасно како се распределени средствата во спортските клубови и дали се финансирани други рекретативни спортски активности на граѓаните, кога сите средства се исплатени директно на Општинскиот Сојуз на спортови. Предметот се поврзува со лицето А.К, брат на побратимот на градоначалникот, волонтер во Општината, кој се претставувал како вработен раководител на Сектор за евроинтеграции и задолжен за проектни инвестиции, а истовремено бил претседател на Кошаркарскиот клуб – Куманово, финансиран од Сојузот на спортови, што е пак опфатен со Програмата за спорт во буџетот на Општина Куманово. Според ДКСК не е јасно и дали е донесена програма за волонтирање. -Се констатира дека се работи за лошо управување и несоодветно применето дискреционо право од страна на градоначалникот поради тоа е побарано да постапуваат и други надлежни тела, рече Нури Бајрами,  член на ДКСК. Тој меѓу другото информира дека градоначалникот на Куманово не доставил копии од одлуките на Советот и решенија за извршување на буџетот при доделување средства за спортските клубови донесени во 2019 година, што било побарано од ДКСК. Објаснил дека Програмата и измените се донесени од Советот и од предивдените средства од износ од 13 и пол милиони денари, 13 милиони денари во 2019 година директно се исплатени на Општинскиот сојуз на спортови, но, како што рече, Бајрами, не доставил никаков доказ за распределбата на исплатените средства од страна на Сојузот и колку средства добил КК во Куманово.  цр/ац/

Остани поврзан