• понеделник, 23 декември 2024

ДКСК постапува по предмети оформени по пријави од укажувачи

ДКСК постапува по предмети оформени по пријави од укажувачи
Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 44-та седница постапува по повеќе предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите. Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, на почетокот информираше дека овој дел од седницата ќе биде затворен за јавноста. - Втората точка се однесува на постапување по предмети оформени од укажувачи согласно Законот за укажувачи и ќе ги замилам новинарите по завршување на првата точка да се исклучат. Поради законските одредби за заштита на укажувачите, овие точки ќе ги поминеме на затворена седница, изјави Ивановска. На денешната седница ДКСК, како прва точка на дневен ред ги усвои записниците од 37-та, 39-та, 40-та, 41-ва и 43-та седница. Членовите на ДКСК пред усвојување на записниците продиксутураа за одредени технички грешки и прописти во записниците. аа/са/

Остани поврзан