• недела, 22 декември 2024

ДКСК бара од ЈО отчетност за нивните иницијативи, констатирани сериозни злоупотреби во автомобилската федерација

ДКСК бара од ЈО отчетност за нивните иницијативи, констатирани сериозни злоупотреби во автомобилската федерација
Скопје, 13 мај 2022 (МИА) – Членовите на Антикорупциската комисија на денешната седница побараа отчетност од Јавното обвинителството односно било каква да е одлуката што ќе биде донесена да бидат повратно известени и да знаат што се случува со нивните иницијативи. Бараат од ЈО да доставува одговор до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дали и како е постапено, а не само дека ќе се постапи во врска со нивните иницијативи. Во таа насока, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска информираше дека се подготвува меморандум за соработка со ЈО, во кој ќе се бара да бадат известени по нивните иницијативи. На седницата, во рамки на елаборирање на одредени предмети, беа наведени и добри случаи за соработка со Владата и просветниот инспекторат, по неколку иницијативи од нивна надлежност. Катица Николовска, член на ДКСК, сподели одлука на Управен суд поврзана со предмет за кој Антикорупција има изречено јавна опомена за претседател на Совет на Општина, бидејќи како претседател на Совет според Законот за адвокатура не смее да врши јавна функција. Лицето повело судски спор пред Управен суд, ДКСК го добила спорот, а во образложението судот утврдил дека ДКСК согласно своите надлежности и обврските што произлегуваат од Законот за спречување на корупција и сдуир на интереси е единствена институција што може да утврди постоење на судир на интереси, постапката е спроведена согласно законските одредби и уредно се изречени опомените што се законски предвидени. - Со ова е разрешување дилемата дали советниците иако се избарни лица кои непрофесионално ја вршат јавната функција советник во Општина, смеат или не смеат и понатаму да ја вршат адвокатската дејност, бидејќи тоа е спротивно пред се со нивниот закон, изјави Николовска. Таа потсети дека по завршувањето на локалните избори, ДКСК до сите општини доставиле известување со сите можни случаи на потенцијален судир на интереси, што може да се јави кај советниците, вклучувајќи го и овој момент, имајќи ја предвид праксата дека голем број адвокати се избрани како членови на Советите во општините. Горан Трпеноски, член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реферирајќи по предмет, наведе дека има сериозни наоди за злоупотреби во автомобилската федерација и затоа овој предмет ќе биде доставен до Агенција за млади и спорт и до државните ревизори. Појасни дека се работи за користење на буџетски средства, кои Агенцијата за млади и спорт ги доделува за организација на програмски активности, со цел вршење на надлежно постапување, контрола и утврдување ма наменското, законското корустење на дадоделение средства од 2018 и 2019 година.  Меѓу другото како пример посочи дека тој што бил претседателот на автомобилската федерацијата бил и шофер. Од ДКСК потсетија дека и во Законот за спорт е уреден судирот на интереси. цр/дма/

Остани поврзан