• петок, 22 ноември 2024

Ди Франческо може да го предводи Алавес

Ди Франческо може да го предводи Алавес
Рим, 24 јули 2020 (МИА) - Еузебио Ди Франческо може да стане нов главен тренер на Алавес, пренесува „Sport Italia“. Според изворот, шпанскиот клуб му нуди на 50-годишниот италијански фудбалски стручњак двегодишен договор. Клубот планира да издвои добар буџет за зајакнување на составот. Прашањето за потпишување на договорот може да биде решено на крајот на оваа недела. Последната работа на Ди Франческо е во Сампдорија, од каде беше отпуштен во октомври 2019 година. Исто така, во Серија А ги водеше Рома и Сасуоло. зс/

Остани поврзан