• петок, 22 ноември 2024

Директорот на ЦУК Ангелов на симпозиум на НАТО за градење отпорностна во Рига

Директорот на ЦУК Ангелов на симпозиум на НАТО за градење отпорностна во Рига

Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, како висок македонски претставник во Комитетот за градење отпорност на НАТО и одговорен за креирање политики во делот на кризниот менаџмент, заедно со Гавро Маркоски, претставник на ЦУК во Делегацијата на земјава во седиштето на Алијансата во Брисел, од 25 до 27 април 2023 година учествуваа на НАТО - Симпозиум за политики на градење отпорност во летонскиот главен град Рига.

Цел на овој НАТО симпозиум е промовирање на отпорноста како примарно национална, но и колективна одговорност, донесување брзи одлуки и намалување на општествената ранливост преку зајакнување на  националните капацитети за отпорност.

Како што денеска соопштија од ЦУК, на отворањето на симпозиумот се обратиле летонскиот премиер Крисјанис Каринс, министерот за одбрана на Летонија, Инара Мурниеце, а преку видео порака и заменик генералниот секретар на НАТО, Мирча Џоана.

На собирот учествувале лидери од цивилниот и воениот сектор, претставници на НАТО командната структура и земјите членки на Алијансата, како и експерти од областа на кризниот менаџмент и политики за градење отпорност.

Паралелно се одржала и ВИП сесија на тема „Ревитализација на цивилно-воената соработка во полето за отпорност“.

- Центарот за управување со кризи како носител на Националното координативно тело за спроведување на препораките и барањата од НАТО и Комитетот за градење на отпорност, стреми кон сеопфатен владин пристап како и подобрување на цивилно-воената соработка во исполнувањето на седумте основни побарувања детектирани од НАТО како клуч во градењето на општествената и национална отпорност, се наведува во соопштението од ЦУК. цр/сп/

Фото:ЦУК

Остани поврзан