• среда, 25 декември 2024

Директорот на црногорската полиција изнесе детали за денешниот крвав инцидент во Цетиње

Директорот на црногорската полиција изнесе детали за денешниот крвав инцидент во Цетиње
Подгорица, 12 август 2022 (МИА) - Директорот на црногорската полиција Зоран Брѓанин со видео-порака се обрати пред јавноста во врска со денешната трагедија во Цетиње во која беа убиени 11 лица, од кои две деца. Тој истакна дека денеска е трагичен ден не само за Цетиње, туку и за цела Црна Гора. „Животите на луѓето се највредни и незаменливи, а денеска изгубивме 11 граѓани, меѓу кои и две деца. Сочувствувам со семејствата на жртвите, како во мое лично име, така и во име на Полициската управа и со ова испраќам најдлабока сочувство...Се надевам и дека повредените брзо и успешно ќе закрепнат“, изјави Брѓанин. Тој појасни дека денеска околу 15 часот и 30 минути, триесет и четиригодишниот В.Б. од Цетиње пукал во семејство, чии членови престојувале во просториите на неговата куќа како станари во населбата Медовина. „Притоа, со употреба на огнено оружје - ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца од кои едното на осум, а другото единаесет години и ја ранил нивната мајка, која им подлегнала на повредите во медицинска установа. Потоа излегол надвор и со истото огнено оружје застрелал жители на оваа населба, при што убил уште седум, а ранил шест“, додаде тој. На повик на граѓани на местото на настанот се испратени полициски службеници, при што во размената на оган еден полициски службеник е тешко ранет. „Засега не е јасно што го поттикнало В.Б. да направи ваков грозоморен чин, по што и самиот бил лишен од животот“, посочува Брѓанин. аб/

Остани поврзан