Директорот на ТИРЗ, Димовски оствари редовна работна средба со Вабтек, проектот за нова инвестиција активно напредува
- - Со цел успешна реализација на инвестицијата од страна на Вабтек, директорот Димовски имаше редовна координативна средба со Паоло Босио, генерален директор на компанијата. Средбата главно беше насочена кон постигнатите резултати, како и кон следните чекори за имплементација на проектот, соопштија од ТИРЗ.
Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски остварил редовна координативна средба со со Паоло Босио, генерален директор на компанијата Вабтек.
- Со цел успешна реализација на инвестицијата од страна на Вабтек, директорот Димовски имаше редовна координативна средба со Паоло Босио, генерален директор на компанијата. Средбата главно беше насочена кон постигнатите резултати, како и кон следните чекори за имплементација на проектот, соопштија од ТИРЗ.
Димовски, како што се наведува во соопштението, го потенцирал значењето на инвестицијата на Вабтек, земајќи предвид дека истата е веќе присутна на македонскиот пазар. Од негова страна, била изразена заложбата и посветеноста на дирекцијата за ТИРЗ, како институција која активно работи за подобрување на условите за инвестирање.
Генералниот директор на Вабтек, Паоло Босио, изразил особена благодарност за досегашната поддршка од страна на Владата и дирекцијата за ТИРЗ.
-Со оглед на тоа што проектот напредува според планот, тој ја нагласи важноста за континуирана соработка, која директно носи придобивки за сите вклучени страни, се посочува во соопштението
Овој проект и напредокот на истиот, наведуваат од ТИРЗ, е доказ за вистинската заложба на дирекцијата за ТИРЗ, која продолжува и понатаму во соработка со владата да работи на создавање поволна инвестициска клима. ев/нд/
Фото: ТИРЗ