• недела, 22 декември 2024

Директорот на ЗОО повикан на разговор во полициска станица поради објава на ФБ

Директорот на ЗОО повикан на разговор во полициска станица поради објава на ФБ
Скопје, 13 јули 2020 (МИА) - Директорот на Зоолошката градина Ѓорги Галетанов денеска бил повикан на разговор во полициска станица поради објава на неговиот Фејсбук профил. - Денеска во полициска станица повикано е на разговор лицето Ѓ.Г., кој што од неговиот личен ФБ профил споделил објава која што му била споделена од страна на друг ФБ пријател. По извршениот разговор лицето си заминало, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА. Имено, Галетанов со објавата ги повикува граѓаните да ја „шкртнат Северна“ од гласачкото ливче.см/бак/

Остани поврзан