• четврток, 04 декември 2025

Директорот на БЈБ Александар Јанев на планинарење по Галичица со колегите од СВР Охрид

Директорот на БЈБ Александар Јанев на планинарење по Галичица со колегите од СВР Охрид

Охрид, 4 јули 2025 (МИА) – Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска со колегите и полициски службеници од СВР Охрид учествуваше на теренска активност - планинарски марш на планината Галичица.

Како што е посочено во соооштението од МВР, освен промоција на тимскиот дух, физичката подготвеност и здравото живеење маршот има и симболична порака дека суштински, чекор по чекор се гради посилна, поединствена и поблиска полиција.

„Патеката долга околу седум километри ја изминавме не само како вежба за издржливост и тимски дух, туку како вистинска можност да ја сплотиме силата на институциите со волјата на заедницата. Со нас беа и волонтерите од Планинската спасувачка служба – Охрид, партнери со исклучителна мисија и огромно срце. Во еден здив, заедно разговаравме, разменувавме искуства и идеи за поефикасно заедничко дејствување при пожари, елементарни непогоди и спасувачки операции. Беа презентирани и дел од нивните вештини, опрема и методи на работа – вредности што ги надополнуваат нашите капацитети“, вели Јанев на статусот објавен на фејсбук-профилот на МВР. 

Јанев уште еднаш потврди дека полицијата не е институција што дели, туку сила што поврзува, како и оти актуелното раководство на полицијата дава поддршка на сите веруваат дека со заедништво, со знаење, храброст,  човечност може да се постигне повеќе.

Тој на крај констатира дека охридскиот регион и Македонија заслужуваат достапен безбедносен систем што делува и постои за граѓаните. аб/

фото/МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан