• четврток, 26 март 2026

Директорот на БЈБ Александар Јанев во посета на полициските станици во Свети Николе, Кочани и Виница

Директорот на БЈБ Александар Јанев во посета на полициските станици во Свети Николе, Кочани и Виница

Свети Николе, 9 мај 2025 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска ги посети полициските станици во Свети Николе, Кочани и Виница и оствари работна средба со раководните лица во овие полициски станици, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На средбите се разговарало за мерките и активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот, како и за тековните случување на подрачјето што го покриваат овие полициски станици.

- Директорот Јанев повторно ја упати јасно пораката до полициските службеници дека ние сме овде да служиме, а не да владееме и дека секој поединец кој е дел од полицијата мора да чувствува морална одговорност и интегритет при извршување на функцијата, пишува во соопштението на МВР. вдј/са/

Фото: МВР 

Остани поврзан