• вторник, 26 ноември 2024

Директорите на „Рио тинто“ казнети со милионските бонуси поради уништување две светилишта на абориџините

Директорите на „Рио тинто“ казнети со милионските бонуси поради уништување две светилишта на абориџините
Мелбурн, 25 август 2020 (МИА) - Рударската корпорација „Рио тинто“, односно нејзиниот генерален директор Жан-Себастијан Жак ќе остане без бонус вреден околу 3,5 милиони долари, бидејќи, во обид да стигне до наоѓалиште за железна руда, фирмата уништила две светилишта на австралиските староседелци Абориџини. Како што соопшти компанијата денеска, уште двајца нејзини директори, Крис Салисбери и Симон Нивен се казнети и ќе останат без бонус од наведените причини. На тој начин, тие ќе бидат лишени од дополнителен приход од околу 700 000 долари. Поради уништувањето на заштитените светилишта - мали пештери на територијата на сојузната држава Западна Австралија, „Рио тинто“ испрати јавно извинување до членовите на домородните народи Путу Кунти Курама и Пиникура.  си/сд/

Остани поврзан