• петок, 12 декември 2025

Директорите на македонските културно-информативни центри на трибина по повод 20 години од основањето на КИЦ Софија

Директорите на македонските културно-информативни центри на трибина по повод 20 години од основањето на КИЦ Софија

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Македонскиот Културно-информативен центар во Софија, по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од неговото основање денеска ќе одржи трибина на тема, „Стратешки цели и развој на културната дипломатија - улогата на културно-информативните центри“.

Како што информираат од Македонски културно-информативен центар во Софија, панелисти на трибината се директорите на македонските Културно-информативни центри во Загреб, Белград, Истанбул и Софија, Мими Ѓоргоска Илиевска, Васко Шутаров, Диме Ратајкоски и Зоран Пејковски.

Трибината има за цел да иницира конструктивна дискусија за актуелната и идната улога на македонските културно-информативни центри во странство, со посебен акцент на нивниот придонес во унапредувањето на културната дипломатија, преку размена на искуства, предизвици и визии за развој.

Во рамките на трибината директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Зоран Пејковски на учесниците на трибината ќе им додели признанија и благодарници по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од основањето на македонскиот КИЦ во Софија.

Со оваа трибина ќе се даде значаен придонес за достоинствено одбележување на овој важен јубилеј и за заедничко обликување на идните насоки на македонската културна дипломатија, посочуваат од македонскиот КИЦ во Софија.свс/

Фото: Македонско културно-информативен центар во Софија 

Остани поврзан