Дин Смит нов тренер на Норич
- Дим Смит е нов тренер на екипата на Норич како замена за Даниел Фарки, објави официјално англискиот фудбалски прволигаш

Лондон, 14 ноември 2021 (МИА) - Дим Смит е нов тренер на екипата на Норич како замена за Даниел Фарки, објави официјално англискиот фудбалски прволигаш.
Смит минатата недела доби отказ во Астон Вила по серијата од пет порази, а клубот од Бирмингем го презеде поранешниот капитен на англиската репрезентација и на Ливерпул, Стивен Џерард.
Од друга страна, пак, Норич му врачи отказ на Фарки минатата сабота и тоа после првата сезонска победа над Брентфорд.
Норич е на последното место на табелата во Премиер лигата со само пет бодови од 11 натпревари. ег/ми/