• недела, 22 декември 2024

Димоски: Нема да дозволиме напад на синдикалецот Стојанче Кашиковски

Димоски: Нема да дозволиме напад на синдикалецот Стојанче Кашиковски
12 ноември 2022  НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НАПАД НА СИНДИКАЛЕЦОТ СТОЈАНЧЕ КАШИКОВСКИ „Денеска, сите ние сме Стојанче Кашиковски, нападот на еден од нас е напад на сите нас, како синдикалци и синдикати  наша должност е кога некој се служи со секакви средства, нечесни, незаконски, нечовечки, недемократски да спречи синдикална активност, да врши притисок врз првиот синдикалец за другите да му се плашат, да застанеме и да се бориме заедно ! Чесната синдикалната борба е препознаена и од политичари и политички партии со кои ние синдикалците и синдикатите не секогаш имаме исти ставови и гледишта  за решавање на работничките проблеми, но сите заедно сметаме дека синдикатите мора и треба да бидат гласни во нивната борба, а никој не смее да врши присила и уцена спротивна на слободата на синдикалното здружување пропишана во Конвенциите на МОТ" Дарко Димовски, претседател на ССМ   _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан