• петок, 05 декември 2025

Димитров се повлече поради повреда од петтиот грен слем во низа

Димитров се повлече поради повреда од петтиот грен слем во низа


Лондон, 8 јули 2025 (МИА) – Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, рече дека не е среќен поради начинот на кој се пласираше синоќа во четвртфиналето на Вимблдон во дуелот со Бугаринот Григор Димитров.
„Ова е крај што не го посакувавме, сите му посакуваме што поскоро закрепнување“, изјави Синер, откако Димитров, со насолзени очи, го напушти централниот терен на Вимблдон, и поради повреда беше принуден да го предаде дуелот во момент кога имаше водство од 2-0 во сетови (6-3, 7-5).
Во тек беше третиот сет кога при резултат 2-2 во гемови, бугарскиот тенисер се пожали на болки во десното рамо и набрзо по медицинскиот преглед го извести главниот судија дека не е во можност да остане на теренот.
За Димитров ова е петти последователен грен слем турнир од кој се повлекува поради повреда.
Светскиот рекет број еден Синер во четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелдон. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан