Димитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани
- „Првата битка е итно да обезбедиме чист воздух во просториите во кои престојуваат ранливи групи во текот на зимата, а втората би рекол не е битка туку војна, е да поставиме добри основи за војна со загадениот воздух во нашиот град. За подобар квалитет на воздухот во просториите, потребно е да им обезбедиме на домаќинствата сигурен извор на топлина, како би можеле да ги заменат ќумбињата, печките на дрва со централно греење, да обезбедиме соодветна вентилација и филтрација на воздухот преку системите за греење, ладење, климатизација во градинките, училиштата и болниците, и не е за занемарување тоа што овој Совет изгласа да се купат прочистувачи за воздух за 400 училници во средните училишта во Скопје, тие се набавиме и ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец“, истакна Даме Димитровски претседател на Советот на град Скопје, на денешната вонредна седница на Советот, коешто МИА го објавува интегрално.
Скопје, 5 јануари 2026
„Првата битка е итно да обезбедиме чист воздух во просториите во кои престојуваат ранливи групи во текот на зимата, а втората би рекол не е битка туку војна, е да поставиме добри основи за војна со загадениот воздух во нашиот град. За подобар квалитет на воздухот во просториите, потребно е да им обезбедиме на домаќинствата сигурен извор на топлина, како би можеле да ги заменат ќумбињата, печките на дрва со централно греење, да обезбедиме соодветна вентилација и филтрација на воздухот преку системите за греење, ладење, климатизација во градинките, училиштата и болниците, и не е за занемарување тоа што овој Совет изгласа да се купат прочистувачи за воздух за 400 училници во средните училишта во Скопје, тие се набавиме и ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец“, истакна Даме Димитровски претседател на Советот на град Скопје, на денешната вонредна седница на Советот, коешто МИА го објавува интегрално.
Димитровски посочи дека во борба со загадувањето, индустријата треба да примени европски практики во мерењата и јавноста на податоците, а градот и општините да ги зголемат инспекциските надзори.
„Индустриските капацитети во Скопје, се наши соседи и мора да покажат чесност, преку јавно и транспарентно прикажување на континуирани мерења. Бараме од индустријата да примени европски практики во технологијата, во мерењата и јавноста на податоците. Малите и средни претпријатија имаат на располагање неколку понудени програми во кои може да искористат субвенции и од државата за намалување на потрошувачката на енергија, за подобрување на ефикасноста и намалување на загадувањето. Градот и општините треба уште посилно да притискаат и со едукација и со превенција, но и со инспекциски надзори секаде каде имаат надлежност и дополнително, при донесувањето на планската документација, чистиот воздух, и моделирањето на движењето на воздухот треба да станат обврска и за градот и за општините. Ние како Совет имаме обврска да се бориме за она што им е потребно на скопјани“, рече Димитровски и додаде:
„Ќе мора да има мониторинг на сите големи загадувачи, вклучувајќи ги индустријата, домаќинствата, сообраќајот, дивите депонии, и хорека индустријата. Затоа уште на почетокот на 2026, бараме да се започне со подготовка на План за борба со аерозагадувањето. Во овој план бараме да се анализира влијанието на сите загадувачи, да се регистрираат сите оџаци во котлината, да се анализира влијанието на досега спроведените мерки во изминативе години, да се дефинираат мерки и акции кои можат да му помогнат на градот. Ние, Советот на град Скопје треба да бидеме строга контрола на планови кои ќе придонесат за поголемо загадување, но и ветер во грб за секоја акција која ќе го намали загадувањето“.
Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ