Димитријевиќ потпиша за Милано
- Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денес и официјално е нов член на Олимпија Милано.

Милано, 22 јуни 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ од денес и официјално е нов член на Олимпија Милано.
Италијанскиот првак преку социјалните мрежи објави за трансферот на Македонецот.
-Среќен сум што ќе бидам дел од голем клуб каков што е Милано. Едвај чекам да почнеме со тренинзи. Ќе се обидам да помогнам да остваруваме победи и да освојуваме трофеи, изјави Димитријевиќ.
Во Италија, Димитријевиќ доаѓа од руски Уникс Казањ, клуб во кои со своите игри го привлече вниманието на кошаркарската јавност. зс/
Фото: Фејсбук КК Олимпија Милано