• недела, 22 декември 2024

Димитријевиќ потврди дека нема да настапи во првиот дуел со Литванија

Димитријевиќ потврди дека нема да настапи во првиот дуел со Литванија

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Плејмејкерот Ненад Димитријевиќ потврди дека нема да настапи во првиот дуел против Литванија од квалификациите за ЕП 2025, кој се игра на 21. ноември во Скопје.

Тој има оврски со својот клуб Милано во Евролигата.

„Нема да го играм првиот натпревар. Истиот ден играме со Макаби во Евролигата, па нема да бидам подготвен за натпреварот во Скопје. Се надевам дека ќе играм во Литванија (три дена подоцна). Се надевам дека ќе бидеме конкурентни, таа победа би била важна за нас. Би сакал да имаме шанса да се пласираме на Евробаскетот, изјави Димитријевиќ за „Спорт клуб“.

Нашиот национален тим, дополнително, ќе биде ослабен и поради недостигот на Ти Џеј Шортс, кој исто така има обврски со тимот на Париз во Евролигата. дс

Фото: Архива

Остани поврзан