• четврток, 26 декември 2024

Димитриевски: Куманово во најдобрата група институции за активна транспарентност

Димитриевски: Куманово во најдобрата група институции за активна транспарентност

Куманово, 10 јули 2023 (МИА) - Куманово повторно се наоѓа во најдобрата група институции, со многу добра активна транспарентност со индекс од 95.8 проценти, значително подобрувајќи ја транспарентноста во изминатите години според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Тој потенцира дека ова ја потврдува континуираната заложба за искрен и отворен пристап кон граѓаните.

-Ја потврдуваме нашата континуирана заложба за искрен и отворен пристап кон граѓаните. Општина Куманово се наоѓа на 11-та позиција од вкупно 98 рангирани институции во Македонија, а воедно поседува највисок индекс на активна транспарентност од сите општини во североисточниот плански регион. Продолжуваме посветено, отчетно и транспарентно да работиме за граѓаните на Куманово, истакна Димитриевски.ам/бт/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан